Секако дека има надеж. Дури и кога светкаат молњи низ небото на животот, надежта е таму некаде позади тие темни облаци. Таа е во нас. Во аголот на нашите срца. Во нашето трпение. Надежта е моќта да ја видиш розата во трњето, убавината во дождот, светлината во мракот, да веруваш во ларвата, да ги видиш боите на пеперутката во која ќе израсне таа, да ја видиш слободата во затворот.
Надежта е да можеш да веруваш дека сè ќе биде добро дури и кога сите правци водат кон стапицата на очајот. Надежта е водилка, понекогаш и сè што еден човек може да поседува во одреден миг.
Во продолжение ви претставуваме мисли за надежта, кои ќе ве предизвикаат да размислите за нејзината големина.
Ќе ве натераат да не се откажете од она што го сакате, бидејќи како што велиме, секогаш има надеж!
„Кога љубиме, секогаш се стремиме да станеме подобри одошто сме. Кога се стремиме да станеме подобри одошто сме, сѐ околу нас станува подобро.“
„Надежта е последното нешто што исчезнува.“
„Но, некако знам дека само тогаш кога е доволно темно можете да ги видите ѕвездите.“ Јуниор
„Во време на уништување, создадете нешто.“
„Најмалку што можете да направите во вашиот живот е да откриете за што се надевате. Најмногу што можете да направите е да живеете со таа надеж. Не да ѝ се восхитувате од далеку, туку да живеете со неа, под нејзиниот покрив.”
„Надежта е недостижна желба со позитивни очекувања. Таа е особина на сите живи суштества.“
„Интересно е тоа како малку утре може да надомести за големото вчера.“
„На светот му треба помалку жештина и повеќе светлина. Му треба помалку од жештината на гневот, одмаздата и повеќе од светлината на идеите, вербата, храброста, амбицијата, радоста, љубовта и надежта.“ – Вилфред Питерсон
„Постојат многу, многу подобри нешта што нѐ очекуваат од оние што ги оставаме зад нас.“
„Ставете ја раката на вашето срце. Можете да го почувствувате? Тоа се нарекува смисла. Живи сте со некоја причина и затоа немојте да се откажувате.“
Прочитајте ги и следниве мисли за мотивација!
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.