Skip to content

Денес се одбележува светскиот ден на превенција од самоубиство: Одземањето на својот живот не е решение!

Сите познаваме или сме слушнале за минимум еден човек кој посегнал по сопствениот живот во нашата околина. Звучи истовремено и како кукавички, но и храбар потег. Секој не може да го стори тоа, но дефинитивно не е решение кое носи нешто позитивно. Самоубиството се случува секојдневнo и долго време е на листата на најголеми причинители за губење живот. Поточно, на секои 40 секунди некој го губи животот на овој начин. Звучи застрашувачки нели?

Причините за извршување на истото можат да бидат бројни, но како една од главните се наведува депресијата. Денес се одбележува светскиот ден на превенција од самоубиства. Во тоа име го пишувам овој текст. Овој краен чин на одземање на она што ни било дадено и без да го побараме не смее да се осудува. Но не смее ниту да се молчи за истото и да биде табу тема. Во последно време покрај најактуелната тема почесто се говори и за депресијата, анксиозноста, стравот…Поретко се говори за крајниот чекор кој еден безживотен и безволен клинички случај на депресија би го презел.

Се одлучува да си го одземе животот, а пред тоа не дава никакви показатели дека ќе го направи тоа?

Најчестите причини кои стојат зад него се злоупотреба, насилство, малтретирање од врсници (кај тинејџери), психички растројства, тешки животни околности итн. Знаците можат да бидат делумно видливи, но останатите не можат да ги протолкуваат како можна закана. Секоја нагла промена на расположение како и во начинот на однесување зборува многу за моменталната психичка состојба на поединецот. Кај депресивните луѓе треба да се обрне посебно внимание на нивното однесување и да се поттикнуваат на разговор.

Главен фактор е поддршката од блиските луѓе, разговор и откривање на причинителите на депресивното расположение. Различни возрасни групи на различен начин ги доживуваат животните потешкотии.

Како да се превенира самоубивање?

Поттикнување на луѓето да работат на своето ментално здравје, дека тоа е подеднакво важно како и физичкото. Да разговараат за своите емоции, за тешкотиите со лице на кое му веруваат. Да членуваат во групи за меѓусебна поддршка, и отворено да зборуваат за своите намери. Тогаш многу е поголема веројатноста дека побрзо ќе им се укаже помош, ако веќе не ја побараат самите.

Да не се плашат да се обратат кај психолог, психотерапевт или психијатар. Разговорите и сеансите ќе им бидат од голема помош, бидејќи се работи за нивното здравје и живот. Мислењето на останатите и “лепењето етикети“ секој еден не треба ни да го земе под знак прашалник при донесување ваква важна животна одлука.

Одлучувањето дека ќе се обратите кај стручно лице е првиот важен чекор што сте го направиле во насока на подобрување на вашето ментално здравје. Главниот следен чекор е закажување средба. После разговорите со обучено лице и ако односот терапевт-клиент е одличен, животот на оној кој бара помош навистина ќе почне да се променува на подобро.

Кои се поконкретни мерки?

Учителите, наставниците и професорите да обрнат особено внимание на здравјето на нивните ученици, да ги поттикнуваат отворено да зборуваат за проблемите што ги мачат. Кога станува збор за тинејџери и адолесценти кои се едни од ризичните групи, тие се изложени на општествени и врснички притисоци, кај нив треба да се обрне поголемо внимание. Родителите да им посветуваат доволно време, да ги знаат потребите на нивните деца.

По можност да разговараат за проблемите што ги измачуваат, да имаат добро изградени семејни односи за децата да се чувствуваат сигурно, заштитено и комотно. Кога ќе ја добијат потребната поддршка од нивните родители, многу е поверојатно дека тинејџерите ќе проговорат за нивните тешкотии ако знаат дека нема да наидат на осуди и критики.

Погледнете го краткото видео во продолежние коешто лани го објавија од СЗО на оваа тема.

Напишете коментар