Skip to content

Пионерска марама – Ванчо Николески

  • by

Да се потсетиме на старите времиња кога беше чест да се носи пионерска марама со оваа убава песничка од Ванчо Николески. Ванчо Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.

Пионерска марама

Работиме и учиме
секој еден час,
пионерската марама
света е за нас.

Развиваме дух и тело –
бодер,силен, јак,
и марама си носиме –
пионерски знак.

Се сакаме, помагаме
ко сестра и брат,
пионерски симбол ни е –
марама на врат.

Порастеме ли големи
ќе стапиме в НОЈ,
ќе дадеме се од себе
за народот свој.

Напишете коментар