Психолошко катче Социјална психологија

6 „токсични “ начини на однесување што треба да се избегнуваат

Секој од нас барем еднаш се однесувал на еден од овие токсични, штетни начини на однесување. Никој од нас не е имун на истите, но некои луѓе се позрели, урамнотежени и посвесни односно кај нив ваков образец на однесување се случува многу ретко. Ако вашето токсично однесување е секојдневна појава или нешто што се случува поретко, за ваша среќа и успех клучно е да забележите кога треба да го поправите.

Прочитајте ги во продолжение следните 6 токсични обрасци на однесување.

1. Сфаќање премногу лично на сè што се случува или зборува

Поприлично е токсично да се биде во друштво на луѓе кои веруваат дека сè се врти околу нив. Тие сè сфаќаат како напад упатен кон нив или на некој друг начин мислат дека сè е поврзано со нив.

Вистината е дека она што луѓето го говорат и прават има повеќе врска со нив отколку со вас. Луѓето реагираат на вас во склад со своите филтри, од своја перспектива, низ своите претходни искуства. Без оглед дали другите мислат дека сте неверојатни или најлоши, пак тоа е само нивно мислење. Истото не значи дека ќе биде вистинито.

Овде треба да се спомне дека не треба да бидете нарцистични и да ги игнорирате сите повратни информации. Меѓутоа, болката и разочарувањата во нашите животи доаѓаат поради претерано личното сфаќање на нештата. Многу е попродуктивно и поздраво да не обрнувате внимание на нечие лошо мислење за вас. Туку продолжете да се однесувате во склад сопственото срце, интуиција и мудрост.

2. Секогаш ставање во улога на жртва

Уште еден токсичен образец на однесување е повторувачко жалење и кукање кое ве прави поголема жртва. Верувајќи дека сте во таква улога, дека немате сила да се искажете, и немате моќ над насоката на својот живот, токсичен е ставот кој ве кочи.

Фактот е дека имате пристап со повеќе сила, авторитет и влијание врз својот живот отколку што верувате во тоа. Кога ќе прекинете да се жалите и да гледате на себе како на беспомошна жртва, ќе видите дека сте помоќни отколку што сте мислеле. За ова мора да бидете одлучни и да ја прифатите реалноста.

3. Опсесивно негативно размислување

Многу е тешко да се биде во близина на луѓе што одбиваат да ја напуштат негативноста. Посебно е тешко кога непрекинато говорат за лошите нешта што би можеле да им се случат или им се случиле, маките низ кои поминале и за неправедноста на животот.

Тие луѓе тврдоглаво одбиваат да видат на позитивната страна на животот. Не сакаат да ги согледаат поуките од она што им се случува. Песимизмот е една работа, но да се остане вечно заробен во негативни мисли е сосема друго. Гледајќи само негативно и однесување со став дека сè е негативно и против вас е искривен начин на размислување и живеење. Исто така, ова е нешто коешто може да се промени.

4. Недостаток на емоционална самоконтрола

Неспособноста за управување со своите емоции делува токсично на сите околу вас. Сите знаеме такви луѓе – тие експлодираат низ лутина и солзи кога ќе наидат и на најмал проблем. Тие можат да се развикаат на касиерка поради предолг ред за чекање, им викаат на вработените поради најмали грешки. Исто така “полудуваат“ кога вашето дете ќе истури сок по подот, или за некои други лесно решливи инциденти.

Ако откриете дека сте премногу емотивно, дека се кршите на секој чекор, потребна ви е помош однадвор за да стекнете контрола над своите емоции. Треба да го разберете коренот на вашата емоционалност. Постои многу повеќе од она што се појавува на површина. Надворешната перспектива и поддршка можат да направат чуда.

 5. Грубост (суровост) или недостаток на емпатија и сочувство

Еден од најважните токсични обрасци на однесување е грубоста, а произлегува од целосен недостаток на емпатија, загриженост или сочувство за другите. Сведоци сме дека секој ден на интернет и во медиумите има луѓе кои се крајно нељубезни и им нанесуваат болка на другите само затоа што можат.

Преку интернет тие го “уништуваат“ животот на другите на кукавички начин користејќи ја својата анонимност како штит. Суровоста, “забивањето нож во грбот“ и нанесување бол на другите од која било причина е токсично и им нанесува бол и на тие кои го прават тоа. Ако забележите дека правите нешто слично, запрете. Длабоко во срцето пронајдете сочувство и разберете дека сите треба да се поддржуваме заедно.

6. Непрекината потреба за потврдување на својата вредност

На крајот, што не значи дека е помалку важно, многу е напорно да се биде во близина на луѓе кои непрекинато трагаат за потврда на својата вредност од другите. Оние кои имаат потреба да ја докажуваат својата вредност постојано, и секогаш сакаат да присвојат наклонетост од сите околу себе, ненамерно се токсични и исцрпуваат.

Претераното придавање важност за тоа како нештата мора да им изгледаат на другите може да ве истроши. Исто така им делува напорно на оние кои се околу вас. Постои поширока слика од вашиот живот која не вклучува како другите гледаат на вашите достигнувања.

Животот е патување, процес, пат – она што го учите, како им помагате на другите да учат и процес на растење во кој си дозволувате да учествувате.

Дознајте и која е разликата помеѓу психолог, психијатар и психотерапевт во следнава статија!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје