Нависнала септемвриска вечер
За зимска се спрема идила
Се пече црвен пипер сечен
На малото ќумбе во пред нечија вила.
Ветрецот мил го крева чадот
И го белее нежно градот
Оваа зима нема да ни биде страдно
Со ајвар ниедно утро нема да е гладно.
Мирисот се намирисува во секој двор
Пиперкаст станува секој комшиски разговор
Без разлика дали е лут или благ
Тој е нашиот најголем симболичен знак.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.