Те нема
Секунда те нема
А како цела вечност да не си тука.
Но што ќе се случеше да не се појавеше
Да не те сретнев
Да не те познавав.
Како ќе ми беше да те немаше никогаш
Да заминеше засекогаш
Да ме оставеше без збор
На секунда
Па и на час
А замисли денови
И години
Е тогаш ќе дознаев што е болка
Тогаш ќе сфатев дека живот немам јас.
Зашто не е живот без тебе
Зашто не се среќа
Насмевки далеку од тебе
Зашто не е надеж
Сон без тебе.
Затоа те чувам
Затоа те барам
Затоа ми значиш
Зашто ти си се што другите не се
Зашто ти си живот
Без кој не се живее.
Ирена Блажеска