Прочитајте ја оваа песна за деца од Стојан Тарапуза и вие, но прочитајте им ја и на најмалите. Кога се пишува за детството, секогаш преовладуваат носталгични моменти.
Детството е златно време
Детството е чудно време,
ниту спие, ниту дреме!
На најбрзи коњи јава
на желбите глас им дава!
Има круна, трон од смеа,
и царство под сина стреа.
Сонцето е негов златник
– од ветрот е побрз патник!
Детството е златно време,
преполно со зрачно семе!
Колку вреди, секој знае,
но си оди-кратко трае!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.