Со образованието официјално почнуваме од шестата година од нашите животи. Тоа не само што овозможува знаење од различни области и науки туку и е прилика да се стекне искуство. Искуството е поврзано со нештата кои нè интересираат, а тие пак ни помагаат да се изградиме како личности. Преку него стекнуваме потребни вештини за да можеме да извршуваме одредени работи, да истражуваме и да го направиме светот подобро место за живеење.
Прочитајте што кажале за образованието претставници од уметноста, познати научници, големи мислители и други значајни личности.
1. „Образованието е најмоќно оружје кое можете да го употребите за да го промените светот“. – Нелсон Мендела
2. „Основата на било кој предмет може да се научи во која било година од животот“. Џером Брунер
3. „Умот не е суд кој треба да се исполни туку оган кој треба да се разгорува“. – Плутарх
4. „Постои полошо злосторство од спалување книги. Едно од нив е нечитање“. – Јосиф Бродски
5. „Цврсто верувам дека самообразованието е единствено образование кое постои“. – Исак Асимов
6. „Не верувам во колеџи и универзитети, верувам во библиотеки“. – Реј Бредбери
7. „Образованието, тоа е она што останува откако ќе заборавите сè што сте научиле во училиште“. – Алберт Ајнштајн
8. „Од професорот можеш да добиеш помош, но многу работи ќе мораш да ги научиш сам, во својата соба“. – Д-р Сјус
9. „Човекот кој не чита добри книги нема никаква предност над човекот кој воопшто не знае да чита“. – Марк Твен
10. „Најголема надеж од секоја земја лежи во примерно школување на младите“. – Еразмо Ротердамски
11. „Немојте да ги ограничувате децата само на она што вие сте го научиле, бидејќи децата се родени во друго време“. Рабиндранат Тагоре
12. „За креативноста потребна е храброст“. – Анри Матис
13. „Искуството е брутален учител, но од него се учи брзо“. – Вилијам Николсон
14. „Научи ги правилата и прекрши ги, смисли нови правила, прекрши ги и нив“. – Марвин Бел
15. „Образованието е златен клуч на слободата“. – Џорџ Вашингтон Карвер
16. „Надежите на образованите луѓе се посилни од богатствата на неуките“. – Демокрит
17. „Инвестицијата во знаењето плаќа најдобри камати“. – Бенџамин Френклин
18. „Гениј без образование е како сребро во рудникот“. – Бенџамин Френклин
19. „Формалното образование ќе ви овозможи нормален живот. Самостојното образование ќе ви донесе богатство“. – Џим Рон
20. „Нема полоши луѓе од оние што се противат на просветителството и образованието на народот. Таквите да можат и сонцето би го изгасиле“. – Доситеј Обрадовиќ
21. „Образованието е скапо, но незнаењето е уште поскапо“. – Клаус Мосер
22. „Знаењето е моќ“. – Френсис Бејкон
23. „Секој кој прекинува со учење е стар, без оглед дали има дваесет или осумдесет години“. – Хенри Форд
24. „Никогаш ништо не научив со зборување, туку со поставување прашања“. – Лу Холк
25. „Човечкото битие не ја достигнува својата полна висина додека не е образовано“. – Хорејс Мен
26. „Образованието не се состои од тоа колку сте запомниле или колку знаете. Се состои од тоа да разликувате колку знаете, а колку не знаете“. – Анатол Франс
27. „Учењето е како веслање спротиводно, штом се прекине, одма се тргнува назад“. – Лао Це
28. „Не постои ништо поважно од образованието. Тука влогот е најголем. Нашата иднина зависи од квалитетно образование во сегашноста“. – Арнолд Шварценегер
29. „Вчера бев паметен и сакав да го променам светот. Денес сум мудар, затоа се менувам себе“. – Шри Чинмој
30. „Човекот кој никогаш не одел во училиште може да украде од товарен вагон, а човекот кој поседува универзитетска диплома може да ја украде цела пруга“. – Теодор Рузвелт
31. „Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“. – Алберт Ајнштајн
32. „Поставувањето на вистинското прашање е половина знаење“. – Роџер Бејкон
33. „Убавата работа кај учењето е тоа што никој не може да ти го одземе“. – Би Би Кинг
Прочитајте ги и овие мисли од Пауло Коелјо.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.