Со образованието официјално почнуваме од шестата година од нашите животи. Тоа не само што овозможува знаење од различни области и науки туку и е прилика да се стекне искуство. Искуството е поврзано со нештата кои нè интересираат, а тие пак ни помагаат да се изградиме како личности. Преку него стекнуваме потребни вештини за да можеме да извршуваме одредени работи, да истражуваме и да го направиме светот подобро место за живеење.
Прочитајте што кажале за образованието претставници од уметноста, познати научници, големи мислители и други значајни личности.
Образованието е најмоќно оружје кое можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мендела
Основата на било кој предмет може да се научи во која било година од животот. Џером Брунер
Умот не е суд кој треба да се исполни туку оган кој треба да се разгорува. – Плутарх
Постои полошо злосторство од спалување книги. Едно од нив е нечитање. – Јосиф Бродски
Самообразованието цврсто верувам дека е единствено образование кое постои. – Исак Асимов
Не верувам во колеџи и универзитети, верувам во библиотеки. – Реј Бредбери
Образованието, тоа е она што останува откако ќе заборавите сè што сте научиле во училиште. – Алберт Ајнштајн
Од професорот можеш да добиеш помош, но многу работи ќе мораш да ги научиш сам, во својата соба. – Д-р Сјус
Човекот кој не чита добри книги нема никаква предност над човекот кој воопшто не знае да чита. – Марк Твен
Најголема надеж од секоја земја лежи во примерно школување на младите. – Еразмо Ротердамски
Немојте да ги ограничувате децата само на она што вие сте го научиле, бидејќи децата се родени во друго време. Рабиндранат Тагоре
За креативноста потребна е храброст. – Анри Матис
Искуството е брутален учител, но од него се учи брзо. – Вилијам Николсон
Научи ги правилата и прекрши ги, смисли нови правила, прекрши ги и нив. – Марвин Бел
Образованието е златен клуч на слободата. – Џорџ Вашингтон Карвер
Надежите на образованите луѓе се посилни од богатствата на неуките. – Демокрит
Инвестиција во знаењето плаќа најдобри камати. – Бенџамин Френклин
Гениј без образование е како сребро во рудникот. – Бенџамин Френклин
Формалното образование ќе ви овозможи нормален живот. Самостојното образование ќе ви донесе богатство. – Џим Рон
Нема полоши луѓе од оние што се противат на просветителството и образованието на народот. Таквите да можат и сонцето би го изгасиле. – Доситеј Обрадовиќ
Образованието е скапо, но незнаењето е уште поскапо. – Клаус Мосер
Знаењето е моќ. – Френсис Бејкон
Секој кој прекинува со учење е стар, без оглед дали има дваесет или осумдесет години. – Хенри Форд
Никогаш ништо не научив со зборување, туку со поставување прашања. – Лу Холк
Човечкото битие не ја достигнува својата полна висина додека не е образовано. – Хорејс Мен
Образованието не се состои од тоа колку сте запомниле или колку знаете. Се состои од тоа да разликувате колку знаете, а колку не знаете. – Анатол Франс
Учењето е како веслање спротиводно, штом се прекине, одма се тргнува назад. – Лао Це
Не постои ништо поважно од образованието. Тука влогот е најголем. Нашата иднина зависи од квалитетно образование во сегашноста. – Арнолд Шварценегер
Вчера бев паметен и сакав да го променам светот. Денес сум мудар, затоа се менувам себе. – Шри Чинмој
Човекот кој никогаш не одел во училиште може да украде од товарен вагон, а човекот кој поседува универзитетска диплома може да ја украде цела пруга. – Теодор Рузвелт
Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда. – Алберт Ајнштајн
Поставувањето на вистинското прашање е половина знаење. – Роџер Бејкон
Убавата работа кај учењето е тоа што никој не може да ти го одземе. – Би Би Кинг
Прочитајте ги и овие мисли од Пауло Коелјо.