Вашиот глас Литература Проза

Некогаш некаде – Габриела Стоимановска

Во животот сретнав многу луѓе, но сè уште се чудам на некои. Постојана борба за нешто повеќе, повеќе пари, а никогаш повеќе среќа. Кога ќе ги погледнам луѓето се чудам колку ние сме само неблагодарни и не цениме ништо што сме добиле од животот. Зарем вакви биле луѓето порано? Зар не заслужуваат сите малку среќа?

Живееме во свет каде секој секого понижува, навредува. Никој од нас не се запрашал како би ни било нас некој да ни го направи тоа?

Хуманост и постојано постирање слики од беспомошни луѓе, а моето најголемо прашање е дали е поважна нивната насмевка или лајковите кои ќе ги добиете?

Постојано се борите да бидете подобри, но во што?

Замислете само ако сите се боревме за насмевките на луѓето околу нас, колку среќни ќе бевме сите? Зар толку се важни парите и моќта? Всушност што значи да се биде моќен? И дали можеме среќата да ја купиме со пари?

Искрено се надевам дека ќе станеме подобри луѓе, онолку колку што тоа е потребно. Се надевам дека некогаш повеќе ќе се цени животот на другиот и дека нема секогаш да сме еден неблагодарен народ. Доколку сите барем малку се потрудиме јас верувам дека ќе станеме совршени луѓе, а насмевките ќе го красат секое лице.

Габриела Стоимановска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје