Вилијам Џералд Голдинг (19 септември 1911 – 19 јуни 1993) бил англиски писател. Во 1983 година ја добил Нобеловата награда за литература. Негови познати дела се „Спирала“, „Пирамида“, „Видлива темнина“, „Господар на мувите“, „Пристапни обреди“ и други.
Прочитајте во продолжение што рекол за жените, и останатите негови мисли.
„Мислам дека жените се будалести што се преправаат дека се еднакви од машките, тие се далеку посупериорни и секогаш биле“.
„Што и да ѝ дадеш на жена, таа тоа ќе го направи големо.
Ако ѝ дадеш сперма, ќе ти даде бебе.
Ако ѝ дадеш куќа, таа ќе ти даде дом.
Ако ѝ дадеш намирници, таа ќе ти даде оброк.
Ако ѝ дадеш насмевка, таа ќе ти го даде нејзиното срце.
Таа го множи и зголемува сè она што ќе ѝ го дадеш.
И така, ако ѝ дадеш некое сра*е, биди подготвен да примиш големи количини од истото“.
„Она што човекот го прави го дефинира него, а не она што е направено од другите“.
„Романописците не пишуваат како што птиците пеат поттикнати од природата. Тоа е дел од работата во која би требало да има рутина, и дневен материјал како во дрводелството“.
„Детството е заболување – болест од која пораснуваш“.
„Писателот најверојатно знае на што мислел кога ја пишувал книгата, но веднаш треба да заборави што мислел откако ќе биде напишана“.
„Човекот произведува злоба исто како што пчелите произведуваат мед“.
„Преферирам да нема живот после животот. Преферирам да не бидам јас илјадници години“.
„Утопиите постојат за да ги набљудуваме како критика на човековата положба“.
Прочитајте ги и следниве мисли од Пауло Коелјо.