Не знам од кај да те почнам,
за да те завршам.
Ни можам да те завршам,
за да те почнам.
Ни крај имаш, ни почеток, ни средина,
бесконечна си, без почетна, без крај.
Не знам како да ми поверуваш,
без вера,
ни мир како да ти дадам, без поглед,
ни топлина, без желба.
Ко скриена срна, стуткана, завиена,
та и сонцето ти ѕирка срамежливо,
ококорен си недоглед,
со замислен поглед,
покриена си, завиена како куќа среде зимска олуја.
Затрупана во самобитието.
Не знам дал те допрев или мисли ти сопрев.
Не можам да те живеам,
без да те преживеам.
Ни солзи да ти бришам,
без плач.
Ни говор имам за збор два,
а во мисли томови да ти дарам можам.
Да ти бидам рака, нога, око.
Да те покрепам, закрепам, заљубам.
Да ти бидам будност на душата,
сон на мирот.
Не знам, ни да ме прашаш да ти кажам
ни да ми кажеш, ако те прашам.
Не знам во добрина како да веруваш,
без да ја љубиш милоста.
Не знам во чија корија си се загубила
и каков недоглед, без поглед думаш.
Знам само едно, без конечна си.
И тоа ми е доволно.
Виктор Кадинец