Денес споделуваме една песна за деца од Стојан Тарапуза.
Книгата е живот, животот е пламен,
разлистај ја, дете, во двор сончев, рамен
прочитај ја, потем седни си крај води,
пред тебе во капки сонцето ќе броди,
тајните ќе листат, соништа ќе горат,
очите од спокој ќе расцутат, зборат.
Стокатен од ука, знаење и среќа,
гласот ќе ти тече низ труба од цвеќа,
низ блескот од ѕвезди радоста ќе плови,
птици ќе те растат, мислата ќе снови.
Во срцето сила нова ќе се роди,
вистината, мило, сегде ќе те води!
Стојан Тарапуза
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.