Орфеј бил легендарен музичар, поет и пророк во античката грчка религија и митови. Главните приказни за него се поврзани со неговата способност да ги привлече сите живи суштества, па дури и камењата со својата музика. Како и неговиот обид да ја врати својата жена, Евридика од подземниот свет. И неговата смрт од рацете на тие кои не можеле да ја слушаат неговата божествена музика.
Како архетип на инспирираниот пејач, Орфеј е една од најзначајните фигури во приемот на класичната митологија во Западната култура. Тој е прикажан или споменат во бројни форми на уметноста и популарната култура вклучувајќи ги поезијата, операта и сликањето.
Некои старогрчки извори наведуваат дека Орфеј имал тракијско потекло.
Орфеј и Евридика
Најпознатата приказна во која Орфеј има улога е таа за неговата жена Евридика (позната и како Агриопа). Додека била меѓу своите луѓе, во високата трева за време на нејзината свадба, Евридика била нападната од сатир. Во нејзиниот обид да му побегне на сатирот, Евридика паднала во гнездо на змии и се здобила со фатален убод на нејзината пета. Нејзиното тело го нашол Орфеј, кој совладан од тага, засвирел толку тажни и жални песни што сите нимфи и богови плачеле.
На нивен совет, Орфеј патувал до Подземјето и со неговата музика ги омекнал срцата на Ад и Персефона (тој бил единствената личност што го направила тоа). Tие се согласиле да ѝ дозволат на Евридика да се врати со него на земјата под еден услов. Тој требало да оди пред неа и да не се заврти сѐ додека и двајцата не стигнат до горниот свет. Тој тргнал со Евридика зад него. Но од вознемиреност, кога стигнал до горниот свет, се свртил да ја види, заборавајќи дека и двајцата треба да бидат во горниот свет. Таа вреснала и исчезнала по вторпат. Но овој пат засекогаш. Кога се вратил во горниот свет, Орфеј живеел без никаква желба за живот, без храна и вода, не грижејќи се за тоа што ќе се случи со него.
Потекло на приказната и платоновото толкување
Приказната во оваа форма потекнува од времето на Вергилиј. Тој прв го вовел името на Аристај (до времето на Вергилиевите Георгике, митот зборувал за Аристај кој ја бркал Евридика кога таа била касната од змија) и трагичниот крај. Други антички писатели, зборуваат за Орфејовата посета на Подземјето во негативно светло. Според Фадрус во Платоновата Гозба, боговите на пеколот само му „претставиле привидение“ на Евридика.
Овидиј вели дека смртта на Евридика не била предизвикана поради бегањето од Арситај. Туку поради танцувањето со Најадите на нејзиниот свадбен ден. Всушност, Платон го претставил Орфеј како кукавица, наместо да избере да умре за да биде со таа што ја сака, тој им се потсмеал на боговите обидувајќи се да отиде кај Ад и да ја врати жива.
Бидејќи неговата љубов не била „вистинска“, тој не сакал да умре за љубовта. Бил казнет од боговите, прво кога му е дадено само привидение на неговата некогашна жена во Подземјето, а потоа кога е убиен од жена.
Приказната за Евридика може всушност да биде доцен додаток на митовите за Орфеј. Особено името Eurudike („онаа чија правда се протега широко“) потсетува на култните имиња поврзани со Персефона. Митот може и да потекнува од друга легенда за Орфеј, во која тој патува до Тартар и ја маѓепсува божицата Хеката.
Оваа приказна довела и до создавање на песната „Менует и танцот со благословените духови“ од операта Орфеј и Евридика.
Погледнете го и краткото видео каде што е накратко раскажан митот за смртта на Евредика
Прочитајте го и митот за Атлантида.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.