Пред многу години во една земја живеел крал кој мудро управувал со своето кралство. Околу себе имал доверливи луѓе, но му требала уште една исклучително доверлива особа. Кралот сакал во дворот да има еден паметен, но над сè верен и предан младич, кој ќе знае да чува тајни. По целото кралство објавил дека се бара една таква личност.
После некое време се јавиле голем број образовани млади луѓе и кралот се нашол во дилема кого да избере. Затоа одлучил да им постави една задача, па кој ќе ја реши и ќе го образложи решението ќе биде избран.
Задачата била една загатка: секој младич добивал три кукли. Тие биле идентични, со еднаква величина, исто облечени и со исти фризури. Меѓутоа, тие сепак во нешто се разликувале. Тоа нешто требало да се забележи т.е. да се пронајде. Задачата изгледала лесна, но после долго време момците ги враќале куклите со образложение дека не можат да забележат разлика. Но кралот останал упорен.
Решавање на загатката
„Белким ќе се најде барем еден кој ќе ја воочи вредноста на едната кукла и маните на другите две. А, таа вредна карактеристика на куклата е толку важна. Ако ја воочи некој таа нејзина особина значи дека и самиот ја има. Мене ми треба баш некој таков“, си мислел кралот.
Најпосле се појавил еден младич кој скромно стоел пред кралот, одвоил една кукла на една страна, а другите две на другата. Пред да каже било што, го направил следново: На првата кукла и вовлеков една сламка во увото и таа излегла низ другото уво. Кај втората го направил истото, но овој пат сламката излегла на устата. И на крајот, кај третата кукла сламката воопшто не излегла, туку останала внатре во самата кукла.
„Почитуван крале, оваа последната кукла е највредна“, одговорил мирно младичот.
„Да, така е“, задоволно се насмевнал кралот бидејќи загатката била решена.
Прочитајте ја и следнава кратка поучна приказна за надежта.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.