Skip to content

Светот не е фабрика за исполнување желби – книга која дефинитивно нема да ве остави рамнодушни

Маестралниот Џон Грин и овојпат нè води на едно емотивно патување и нè запознава со Хејзел и Августус, запознавајќни нè истовремено со една срцепарателна приказна за љубовта и пожртвуваноста.

Светот не е фабрика за исполнување желби

Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега.

По две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи.

И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо.

Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс.

Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.

Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…

Исто така имаме уште еден фантастичен предлог за вас: Сјаење од Стивен Кинг – книга која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај

Напишете коментар