Детско катче Литература Песни за деца

Јас знам што е поток – Стојан Тарапуза

Ајде да дознаеме што се знаат децата од оваа прекрасна детска песна. Тоа ни го кажува нивниот омилен детски поет Стојан Тарапуза.

Јас знам што е поток

 

Јас знам што е поток,

јас знам што е река,

знам и што е море,

океан што чека.

 

Јас знам што е поле,

јас знам што е шума,

знам и што е елен,

срна, зебра, пума…

 

Јас знам што е небо,

јас знам што е клима,

знам и што е време,

осека и плима.

 

Јас знам што е рудник,

јас знам што е руда,

знам и што е сребро,

злато, сјај и чуда.

 

Јас знам што е молив,

јас знам што е книга.

знам и што е фудбал,

спортски клуб и лига.

 

Јас знам што е радост,

јас знам што е тага,

знам и што е живот

во слобода драга.

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје