Културни настани Македонска поезија Македонски автори

Петко Шипинкаровски – Молитва

Петко Шипинкаровски (1946-2020) e писател, поет, публицист, драмски автор, есеист и книжевен критичар.

Петко Шипинкаровски е роден во селото Будимирци, Битолско. Основно образование завршил во Будимирци  и Старавина, а со средно образование се стекнал во Битола. Дипломирал на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје.

Член бил на Друштвото на писателите на Македонија, член на Здружението на новинарите на Македонија, член на МНД од Битола, почесен член на Друштвото на писателите на Србија и на Книжевното друштво на Косово и Метохија и надворешен член на Сојузот на независни писатели на Бугарија.

Добитник бил на многубројни награди и признанија.

Издадени дела:

  • „Откорнати души“ (роман, 2003);,
  • „Петра“ (роман, 2005);,
  • „Црна љубов“ ( роман, 2006);
  • „Дабјак“ (роман, 2009);,
  • „Златни обетки за Марија“ (роман, 2011);,
  • „Децата на Марија“ (роман, 2012);,
  • „Утринска молитва“ (роман, 2015):,
  • „Кога тргнав Цвето во туѓина“ (романизирана монографија, 2006);,
  • „Струшки сведоштва“ (романизирана монографија, 2007);,
  • „Духот на војводата“ (монодрама, 2003);,
  • „Крлеж на вратот“ (драма, 2017);,
  • „Залезнина“ (раскази, 2008),
  • „Еден живот, една приказна“ (раскази, 2016),
  • „Разбранувани води“ (раскази за деца, 2017);
  • „Седело на орлица“ (поезија, 2006);,
  • „Бели ветрови“ (поезија, 2009);,
  • „Злоуми“ (поезија, 2011);,
  • „Бели утра“ (поезија, 2013);,
  • „Доаѓаат дождовите“ (поезија, 2015);,
  • „Никулци во утрините“ (поезија, 2017)
  • „Саемско небо“ (поезија, 2019)
  • „Рудолф Арчибалд Рајс, за Македонија и за Македонците“ (студија, 2006)

Петко Шипинкаровски почина ова лето по кратко и тешко боледување.

Деновиве, беа промовирани двете постхумно објавени книги: поемата „Обденица“ и збирката раскази „Вечен живот“, а познати македонски автори читаа песни посветени на Петко Шипинкаровски.

Повеќе за манифестацијата која беше организарана во негова чест може да најдете на линков овде

Да се потсетиме на овој голем македонски автор со неговата песна „Молитва“.

Молитва

Ова не е молитва за милосрдие, простување,

ниту ништожност за гревовите и избав

од темницата и лошите патишта,

ниту псалм непотребен упатен кон Бога.

Ова не е молитва за дарежливиот,

за дар и добрини што ни дава

неговото милосрдие, Господ Бог,

ниту милост за Негова награда…

Ова е молитва за „нас Грешните“

што скршнуваме од патеката на праведните

и наместо љубов непотребно:

страв во страдање на страдалници поминуваме.

Ова е молитва за колективните,

нечесните грешници;

предводниците, разбојниците, прељубниците,

профитерите, но и за благородните, порочните,

за простување, зоштона исток ведрина обгрнува.

Kротко, забревтано, од старото пристаниште

бродот, вкотвен заринкан на времето, се завлекува.

Ова е молитва, разговор со Бога,

зошто Негова е волјата

со проветрување да ги закрепнува едрата

од големите стравови…

Наспроти,

Зародување да има, нови никулци да никнат,

нови фиданки да стеблат…

Ова е молитва за мир и човекољубие,

За покајание, љубов и разбирање…

 Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје