- Нема ли живот, нема ли
- љубов за живот голема,
- љубов за живот човечна
- у вија гради аргатски?
- Нема ли срце, нема ли
- љубов за живот човечна
- у вија гради аргатски?
- срце – на срце срцето,
- срце – ширини широко
- срце – длабини длабоко –
- цел свет да збере, па да е
- за вија гради малечко?
- Нема ли бел ден, нема ли
- ден да е над деновите,
- ден да е на аргатите –
- ден – сонце вишен високо
- ден – море ширен широко,
- сонце да запре, да стои
- и времето зачудено:
- срцето пука обрачи
- и плиска знаме алово,
- срцето што се отвара
- и шири ширно широко –
- целиот свет да загрне!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.