Замислете дека секое утро кога ќе се разбудите, една банка на вашата сметка става 86.400 евра. Што ќе направите?
Прво правило: Сè што не сте успеале да го потрошите во текот на денот навечер ви се зема! Не можете да го вратите, ниту да ги префрлате парите на друга сметка. Имате право да ги потрошите исклучиво во текот на истиот ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе отворите очи банката ви отвора нова сметка од 86.400 евра за тој ден и така секој ден.
Второ правило: Банката може да ја прекине таа игра без предупредување! Во било кој момент може да ве извести дека сè е готово и дека сметката дефинитивно се затвора.
Можеби ќе почнете добиените пари да ги трошите на забава и купување подароци на оние кои ги сакате. Ќе се трудите секое евро да ви донесе среќа и задоволство.
Па каде има таква банка?
Таа чудесна банка ја имаме сите на располагање и се нарекува време.
Секое утро кога ќе се разбудиме нашата животна банка ни отвора кредит од 86.400 секунди од животот за тој ден, додека не појдеме на спиење. Тоа што не сме го проживеале во текот на денот – е изгубено. Вчерашниот ден засекогаш е заминат!
Што правите вие со вашите 86.400 секунди во еден ден?
Животот е краток, дури и за оние кои мислат дека имаат бескрајно многу време на располагање.
Прочитајте ја и оваа поучна приказна за недоразбирањето меѓу двајца сопружници.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.