Есента е толку богата, што дури ни носи и ајварче да мачкаме лепче и никогаш не сме гладни!
Богата есен
Ни донесе есента
јаболка и круши,
грозје, жолти дуњи,
полни со витамини.
И црвени пиперки
компир, морков, гравче,
зелката за салата,
гравчето на тавче.
Сакам да ви кажам
и ова е битно:
амбарите полни се
од полето житно.
И ајвар мора да има
Покрај сите слатка
во тегли за зима,
за децата мора
и ајвар да има.
Тато купи пиперки
денес ќе ги пече.
Ќе правиме ајвар
тој така ми рече.
Ајварот е вкусен
со лепче се јаде,
намачкај две парчиња
веќе не си гладен.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.