Психолошко катче Совети

6 начини на размислување кои се корисни доколку се соочувате со тага и очај

Ако во одреден период од животот чувствувате длабока тага и очај, ако паднете во мрачен тунел и се чувствувате отфрлено, изневерено и безначајно, не е крај на светот. Мислите што се појавуваат во таквиот период се насочени кон негативните аспекти на сè околу вас, мислите дека некогаш нема да постигнете среќа.

Дали некогаш сте имале чувство дека светот се срушува така одеднаш и немате време дури ни да земете воздух? Дали ова чувство станало толку интензивно што ве натерало да западнете во една состојба на очај од која мислите дека нема излез?
Важно е да бидете нежни спрема себе, и да знаете кои чекори треба да ги направите кога се чувствувате тажно.

Текстов може да ви помогне да се чувствувате подобро, и ви покажува дека многумина се наоѓаат или наоѓале во иста или слична ситуација како вас.
Прочитајте ги следните 6 начини на размислување кои ќе ви бидат од голема помош.

Пронајдете мирно место на кое можете да бидете сами

Го знаете ова чувство кога сакате да бидете изолирани од сите и не ви е до дружење? Повлекувањето на одредено време може да биде корисно.
Постојат повеќе опции за осамување, како на пример затворете ја вратата во својата спална соба, седнете на клупа во мирен парк. Или пак отидете сами на прошетка или најдете некое друго место каде што ќе можете на мир да размислувате.

Прашајте се: Дали е тоа вистина?

Откако ќе го пронајдете вашето мирно место во самотија и мир повторно доживејте ги зборовите, делата, ситуацијата или индивидуата што ви донесла тага и направила да патите. Вашиот ум ќе ги повторува миговите постојано обидувајќи се да разбере.

Дозволете му тоа да го направи, но треба да знаете дека тој многу лесно ќе се “залепи“ за било каков заклучок, претпоставка или заблуда што ќе ве се појави. Која и да е мислата што ќе ви се појави, прашајте се: „Дали е тоа вистина? Дали сум сигурен/на дека ова е вистина?“

Вашиот одговор веројатно ќе биде или не знам дали е тоа апсолутно точно. Ова отвора простор да ги земете во предвид сите други можности околу “проблемот“. Тогаш ќе видите дека за што и да се работи не мора да е директно поврзано со вашата личност.

Со храброст соочете се со сопствените чувства. Престанете да бегате од нив

Кога чувствуваме силна емоционална тегоба или непријатност природно е да сакаме да “побегнеме“ и да се “скриеме“. Тоа го правиме на начин што ги затапуваме нашите емоции со ТВ, технологија, разни супстанци, храна, толку долго додека тоа лошо чувство не исчезне. Меѓутоа тоа не исчезнува. Уште е тука, демне од длабочина, заробено на темните места од нашата мрачна страна. Колку и да мислите дека можете да го избегнете она што го чувствувате, не можете. Секогаш ќе се враќа и ќе ве прогонува во еден или друг облик, често со поголем интензитет.

На крајот, после долго избегнување на чувствата некои страдаат од ментални нарушувања или од хронични заболувања. Всушност тоа е причината поради која морате храбро да се соочите со на што го чувствувате. Ако ништо друго, заблагодарете си се на себеси што сте волни силно и храбро да се соочите со големиот внатрешен немир.

Малкумина се подготвени да се соочат со овие мрачни чувства. Откако ќе го пронајдете мирното место, морате да го прифатите процесот на “оздравување“. На почеток треба да си дозволите да се чувствувате онака како се чувствувате.

На пример, можеби ќе чувствувате срам, вина, безвредност, страв или лутина (или некоја комбинација од овие и многу други). Останете смирени и дозволете си да ги почувствувате емоциите во целост. Отпуштајте ги сензациите сè додека повеќе нема да ве болат. Овој процес може да трае еден час, цел ден или дури и подолго. Почитувајте ја сопствената храброст, ќе вреди.

Потсетете се колку пријатели имате кога мислите дека сте сами и колкумина вистински се грижат за вас

Кога сме повредени често развиваме ментален склоп на “жртва“ и тоа звучи слично на ова: „Јас сум тажен/на. Ова е страшно. Не сакам да се чувствувам вака. Го мразам ова. Никогаш не сум го сакал/а. Зошто јас?“ и така натаму.

Сите имаме тенденција да се сосредоточиме на изворот на тагата и на самата болка. Плус тоа развиваме краткорочна перспектива во животот верувајќи дека сме целосно сами. Ова значајно допринесува за засилување на чувството на болка. Вистината е дека сите се тажни во некој миг. Сите сме биле предадени, отфрлени. Колку порано го прифатите ова, толку побрзо ќе бидете во можност да расчистите со својата тага и таа нема да преовладува со вас. Секогаш ќе има барем еден човек кој ви посакува добро и вистински се грижи за вас. Дури и ако во моментот не ви е ставено до знаење, во тешките периоди ќе видите кој ви е вистински пријател и кој искрено се грижи за вас.

Сè минува, така поминуваат и тажните чувства

Што останало непроменето засекогаш? Речиси ништо. Така и вашата тага. Баш како што облаците се менуваат на небото и заминуваат далеку, така и вашата тага. Иако сега тагувате, за еден ден, една недела или година тоа искуство ќе биде само минат спомен. Ова не може да ви помогне одма да ја прекинете болката, но помага за намалување на нејзината тежина и сила.

Вашата болка е остар, но поштен и моќен учител. Искористете ја

Лесно е да се биде жртва и да се препуштите на болката, а донекаде е и потребно да се помине низ таа фаза за да не ви биде од корист на ниту еден начин. Ако постојано сте реагирале на некоја болна околност со силна и интензивна емоционална реакција, време е да го слушнете ова прашање. „Зошто гледате на тоа како на нешто поради кое сте несреќни?“ Зошто не ја видите пораката од истото, нешто што може да се научи од лошата околност?“ Со текот на време применувајќи го овој совет во вид на прашање ќе почнете многу поинаку да гледате на болката.

Таа може да ве научи на неколку работи: како да се развивате како личност, ќе ве научи на емоционална отпорност, ќе ве запознае со вашата неистражена ранливост. Понатаму може да ви пружи мудрост и да ве научи како да бидете приземјена особа. Без болата невозможно е да се разбере задоволството. Без ноќта не би било можно да го цениме денот. Тоа е суштината на таоизмот: едно е потребно за да се урамнотежи другото.

Иако доживувате болка, убаво е да знаете дека вие не сте таа болка што ја чувствувате. Колку повеќе се споредувате со неа, толку повеќе ќе страдате. Сите сме на некој начин во секојдневна средба со сопствените емоции. Некој ги разбира кај себе подобро, некој не. Важно е да научите да ги препознавате сопствените чувства, и на кој начин ги доживувате. Дали ги чувствувате силно, интензивно или не им обрнувате премногу внимание? Препознавањето на емоциите како такви, е првиот чекор во прифаќањето на истите. Откако ќе ги прифатите, работите на нивно освестување, и ги користите во своја полза. На начин на кој ќе ви бидат корисни.

Прочитајте и кои знаци покажуваат дека негативната енергија ве исцрпува!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје