Литература Препораки за читање Странски автори

Предлог книга за денес – Федра од Жан Расин

Ова е последната драма на Жан Расин пред да откаже од својот живот на комедиограф  и да се предаде на религиозниот живот како Јансенист.

Расин се инспирирал од грчкиот мит за Федра и Хиполит, и секако од големите трагедии на грчкиот трагичар Еврипид и онаа на Сенека.

Како и во сите трагедии, така и тука ликовите не се во можност да ги контролираат своите чувства. Така главната јунакиња Федра не може да ги задрже чувствата за својот посинок Хиполит од првиот брак на нејзиниот сопруг Тезеј. Уште во првиот чин слуша дека е нејзиниот сопруг мртов, дека го нема…тоа е причина плус да ги искаже своите вистински чувтсва кон Хиполит кој уште повеќе ја разгорува неговата омраза спрема неа…Но, дали Тезеј е навистина мртов? Како ќе реагира кога жив се враќа и дознава дека наводно неговиот син се обидел да ја силува неговата маќеа?

Мешавина од големи страсти со омраза, очај и крикови за убиство и самоубиство…секако туки и инцестуални фамилијарни врски кој се дел од оваа голема трагедија која не остава никого без мир додека ја чита.

Се чита брзо, во еден здив но се памети целиот живот.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје