Мојата дневна рутина е сменета,
нема постојаност, ниту вообичаеност,
секој ден е различен,
неизвесен, но независен.
Некогаш полетен,
не ретко меланхоличен,
честопати стихиен,
понекогаш поттикнувачки,
секогаш животогребен,
ама никогаш со очекувана рутина.
Ја снема рутината,
секојдневието ја проголта
без некоја посебна причина,
таа едноставно исчезна.
Елеонора Николовска