Престани кога е најубаво – Лина Димоска

Престани кога ми е најубаво,
за уште еднаш да ми ги
раскрвариш старите рани,
да го разбудиш бесот во мене,
да ме направиш гневна
и повторно да ми ја распарчиш
едвај составената душа.

Замини кога најмногу се надевам,
за да ми потврдиш дека
на светот не останал човек со чиста душа,
дека не постојат веќе очи
во кои можам да потонам
секогаш кога ги гледам,
дека нема насмевка
што може да го растопи
мразот од срцето.

Разбуди ми е кога премногу сонувам,
за да ми докажеш дека
ниту едни соништа и надежи
не се доволно силни,
ниту имаат моќ да опстојуваат
и да станат дел
од оваа мала и сурова реалност.

Затвори ги очите
кога сакам да ме гледаш,
затвори си ја душата
кога сакам да те допрам,

замини и покажи ми дека светот е суров,
дека надежта не постои,
дека секоја верба е залудна.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!