Литература Митови и легенди

Легендата за Дон Жуан, најголемиот заводник на жените

Дон Жуан (или Дон Џовани/Дон Хуан) е легендарен заводник, фиктивен лик чија приказна е раскажувана многупати од многу различни автори. Првата пишана верзија за легендата на Дон Жуан е El burlador de Sevilla y convidado de piedra (Измамникот од Севиља и гробниот камен), претстава од Тирсо де Молина, издадена во Шпанија околу 1630, чие дејство е поставено во 14 век. Другото поголемо дело во шпанската литература за овој лик е Дон Жуан Тенорио, драма напишана во 1844 од Хозе Зорила.

Името често се користи фигуративно, како синоним за “женскар”, особено во шпанскиот јазик.

Легендата за Дон Жуан

Во легендата, Дон Жуан е слободен развратник кој ужива во заведувањето и (во повеќето верзии) борба со нивните шампиони/свршеници. Главното дејство во легендата се одвива околу силувањето или заведувањето на млада девојка од благородничко семејство и убивањето на нејзиниот татко. Подоцна, тој ја среќава статуата на нејзиниот татко на гробишта и ѓаволски ја поканува на вечера, на што статуата ја прифаќа поканата. Духот на таткото пристигнува за вечерата и го поканува Дон Жуан да вечера со него на гробиштата. Дон Жуан прифаќа и оди на гробот каде статуата бара да се ракува со него. Кога Дон Жуан ја подава својата рака, статуата го грабнува и го одвлекува во Пеколот.

Повеќето експерти тврдат дека првата забележана приказна за Дон Жуан е El burlador de Sevilla y convidado de piedra (Измамникот од Севиља и гробниот камен) од Тирсо де Молина. Нејзината публикација варира меѓу 1620 и 1625, зависно од изворите, иако во Шпанија се појавува порано, во 1615. Дон Жуан е женскар кој ги заведува жените или преку маскирање како нивните љубовници или преку ветување брак. Тој зад себе остава трага од скршени срца, лути сопрузи и навредени татковци; сè додека не убива извесен Дон Гонзало. Подоцна, откако е повикан од духот на Дон Гонзало за вечера во катедралата, Дон Жуан ја прифаќа понудата, не сакајќи да се покаже како кукавица, што доведува до неговиот крај.

Неговиот карактер

Зависно од различните толкувања на легендата, карактерот на Дон Жуан се гледа преку една од вие две перспективи: едноставен, страстен женскар и суров заведувач кој добива секс кога ќе може, или како маж кој навистина се вљубува во секоја жена која ќе ја заведе, со дарбата да ја види вистинската убавина и уникатноста на секоја жена. Раните верзии на легендата секогаш го портретираат според второто гледиште.

Според шпанскиот јазик, Дон Жуан е Дон Хуан. Во нашиот и во повеќе други јазици ликот е познат само како Дон Жуан.

Дон Жуан како тема во уметноста и во популарната култура

„Дон Жуановото детство“ – песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.

El burlador de Sevilla y convidado de piedra – драма на Тирсо де Молина од 1630 година.

Promontorium Malae Spei – драма на Паоло Зехентнер (Paolo Zehentner) од 1643 година.

Il convitato di pietra – драма на Џјакинто Андреа Чикоњини (Giacinto Andrea Cicognini) од 1650 година.

1658: Dorimon (Nicolas Drouin)’s Le festin de pierre, ou le fils criminel

Дон Жуан (Молиер) – комедија на Молиер од 1665 година.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје