Да знам дека вечерва не си покрај неа
полека ќе ги украдам сите ѕвезди од небото,
ќе ги избркам облаците,
а потоа по крилата на ветерот
ќе ти влезам во соништата
и нема да ти да дадам мир меѓу белите чаршави.
Да знам дека таа не воздивнува порај тебе
би ги пронашла најдлабоките воздишки на светот
и би ти пратила во најглувата ноќ
само за да ти ја разубавам на мој начин.
Да знам дека вечерва не си покрај неа
ќе ги викнам најдобрите чалгии
и ќе ти дојдам под прозори.
Ќе ти ја испеам онаа нашата.
Твоите сигурно ќе мислам дека сум луда,
а да знаеш дека сум.
Луда сум по тебе.
Да знам дека вечерва не си покрај неа
ќе ти купам пиво и кикиритки.
Ти ќе гледаш фудбал,
а јас ќе уживам гледајќи те.
Да знам дека вечерва не си покрај неа
ќе го пронајдам најстарото вино
и ќе ти го пратам по такси,
но не за да се опиеш од виното,
туку за да се опиеш од мене.
Ех, само да знам дека не си покрај неа
ќе ти подадам рака
за заедно да се луламе под облаците.
Ноќва, небото и тишината
ќе ни бидат единствени сведоци.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.