Skip to content

Кога најмалку очекуваше – Виктор Кадинец

  • by

Најверојатно,
нема ни да ме прочиташ.
Како гулаб да пуштам среде бура,
писмо да носи до најзамрзнатиот гејзер.

Најверојатно,
нема ни да те стоплам.
Како мразот во кој си фрлена,
како фосил да пробувам со искра да го стопам.

Најверојатно,
веројатноста не е на моја страна.
Најверојатно,
се залажуваш ако мислиш дека верувам во веројатноста.

Неверојатно е, просто е неверојатно,
колку е гулабот упорен,
искрата топла,
за да помислиш дека ќе се откажам.
Неверојатно е ова чувство,
кое те замисли.
Најверојатно, кога најмалку очекуваше.

Виктор Кадинец

Напишете коментар