Иван Сергеевич Тургенев бил руски романописец, драмски писател, поет, преведувач. Бил еден од најзначајните претставници на рускиот реализам.
Тој ја популаризирал руската книжевност на запад. Неговите дела извршиле големо влијание врз новелистиката.
Овој значаен претставник на рускиот реализам воедно го смислил и изразот „Тургеневска девојка“.
Луѓето замислувале поспана и меланхолична девојка, но во реалноста терминот означува храбра и паметна млада жена со силен морал, која е умствено многу посилна од мажот.
Прочитајте ги во продолжение неговите цитати.
1. Прекумерната гордост е симбол на ситна душа.
2. Секоја мисла потсетува на тесто: треба добро да се измеси и со неа можеш да направиш сè. Постојат 3 типови егоисти: Егоисти кои живеат и им даваат и на другите да живеат, егоисти кои живеат, но не им дозволуваат на другите да живеат и на крајот – егоистите кои ниту живеат, ниту им даваат на другите да живеат.
3. Вистината која не е изречена во вистинското време е полоша од лагата.
4. Постојат некои моменти во животот, некои чувства кои еден може само да ги посочи и одмине.
5. Беден е оној кој живее без идеали.
6. Постојат насмевки полоши и од солзи.
7. Доколку вечно го чекаш вистинскиот момент, никогаш нема ништо да започнеш.
8. Зборот „утре“ е измислен за неодлучните луѓе и за децата.
9. Смртта е стара шега, но секоја индивидуа се среќава со неа одново.
10. Љубовта е посилна од смртта и од стравот што настапува пред смртта.
11. Несфатени се само оние луѓе кои или не знаат што сакаат или не се доволни вредни да бидат сфатени.
12. Ништо не заморува повеќе од недуховит ум.
13. Без оглед колкупати ќе чукаш на вратата од природата, таа секогаш ќе ти одговори со разбирливи зборови.
14. Среќата е како здравјето, доколку не го забележуваш значи дека го имаш.
15. Душата не е јаболко – не можеш да го разделиш.
16. Солзите се слични на бура – после нив човекот е секогаш помирен.
17. Бескорисно е на човекот со предрасуди да му се докажува неоправданоста од ваквите мисли.
18. Кога еднаш ќе ја навикнеме својата совест да прифати нешто како „нужно зло“, сè повеќе работи почнуваат да ни изгледаат „нужно“, а сè помалку како „зло“.
19. Седиме во кал… и досегнуваме по ѕвездите.
20. Ако го чекаме моментот кога сѐ, апсолутно сѐ ќе биде подготвено, подобро и да не почнуваме.
Прочитајте ги и следниве мисли за слободата кажани од големи умови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.