„Градот е брз, градот е хаос.
Полн со урбани легенди лажни
јадни безделници што дремат на кафе
во полни кафеани со душите гладни…“ – Вака почнува поезијата на Горан Јанкуловски чиешто уметничко име е Стиховен Калибар.
Тој е хип хоп артист и афористичар од Скопје. Кариерата ја започнува во 1995 г., а покрај албуми и видео записи има објавено неколку книги. Од кои едната е „Збирка мудрости и афоризми“, другата со урбаната тематика, која се вика „Двоглед“ како и стихозбирката „Проклетници“. Има издадено збирка афоризми „Стихија“, хаику книга „Бог да ги бие кучињата касапски” и збирка афоризми “Ни лук јал, ни ќебапи мирисал” (2017).