Вашиот глас Литература Македонска поезија

Моќта на тишината – Софија Величковска

Ех што ни прави моќта

на тишината,

со каква смелост

сништата ни ги одзема…

Еве не знам,

не знам ни каква бура

во неа се скрила,

а веќе рушевина

во душава ни оставила.

Оние онаму деструкција

си прават

на сите убави нешта,

оние онаму убавоста

со меч ја прободуваат,

а сила веќе се нема

оти тишината ко

пијавица

крвта ни ја цица.

Еве зимата штотуку ќе

пристигне,

а ние сеуште си стоиме в

место.

Утрово забележав

безброј златни лисја,

но и нивната убавина

запрела,

веќе не знам ни што е

грдо, а што убаво,

не знам ни дали

повторно некогаш

ќе можеме

да го почувствуваме оној

успокојувачки мирис на

есента,

ќе ја впиеме ли повторно

убавината

на човечки души кои

чекорат слободно на

улица.

Не знам..

Еве јас навистина не

знам.

А времето си врви.

Низ дланка ни се лизгаат

деновите,

само се молам,

да не стане уште полошо!

Го сакам дождот,

само тој успева да ни

ја поништи онаа монотона

тишина,

ги слушам капките

како се тркалаат по олукот,

можеби тоа значи дека и

небото плаче,

ама толку бедно

што веќе и тоа снемало солзи,

трчавме за да се

гушнеме,

си ги греевме рацете

со триење на дланките едни на други,

сега тажно си го вртиме грбот

и бегаме како да сме

најголемите крадци на слободата,

на животот, на љубовтаа.

Не знам, порано барем

се каравме се инаетевме,

се лутевме и навредувавме,

понекогаш и тоа ми недостига,

барем фрлавме погледи

и комунициравме,

сега сме само

диви јагоди, недопрени,

отфрлени,

човек од човека се плаши,

пуста заблуда го обзема,

се крие во некоја дупка,

Тука ќе застанам и јас,

ќе се сокријам,

зашто зборовите веќе си ги истрошив

маката да ни заспие,

да ни заспие сето она

непредвидливо,

се молам да се разбуди

времето кога како мали дечиња

летавме со санки по улиците,

ги гледавме и им се восхитувавме

на вљубените кои како мали

зајачиња се тркалаат по снегот,

да се врати времето

кога носињата ни беа црвени,

да се врати времето

кога баба ни едвај ќе не

убедеше да влеземе внатре

за да се стоплиме,

но тоа го оставам

на времето,

жално е,

жално,

се молам тишината да

пукне!

Софија Величковска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје