Низ испшаната небиднина
Под коренот на лагата клета
Ја погледнав суровоста на далечината
Како се преплете со тагата.
А јас обесхрабрена и млада
Ја подадов раката во студот
И низ локната на гревот
Дофатив само болна тишина
И душа полна самотија.
Чмаев,
Секоја ноќ чмаев во недоглед
Лелекав и пискав
Со горчлив глас во душата
Гласно пискав без глас
Испуштав крик
Но никој не можеше да чуе.
Испуштав и здив
Но закотвен само во недореченоста моја
Празно беше тука
Морничаво и болно беше таму
Сé во глува доба се претвори
И во немотија се оствари.
Охх…
Застанав
Не пуштив ни чекор повеќе
Сé на мене тежеше
Го фрлив и последниот поглед
Прегрнувајќи ја само милостината
Која остана истуткана на скалата од жедта.
Повторно само охх….
Ми занеме телото како искосена булка
Ми премолчи и грлото во длабоката мисла
Сé се изгуби во реченото
Сé овена во неоствареното
Ги испратив мислите во неповрат
И се сокрив во тунелот на непостоењето.
Ирена Блажеска