Што научила Дијана во текот на нејзиниот живот? Таа со нас сподели една кратка листа, во која можеби ќе се пронајде и некој друг.
– Научив дека чистата совест е знак за лоша меморија.
– Од турските серии научив дека богатите се несреќни, а сиромашните уживаат.
– Колегите ти се далечни роднини кои мораш да ги гледаш секој ден.
– Научив дека ако цел ден пиеш само од една иста чаша, мајка ти ќе биде посреќна.
– Научив дека привезокот е наједноставниот начин да ги изгубиш сите клучеви наеднаш.
– Научив да се поплукам три пати секогаш кога ја кажувам причината за моето доцнење.
– Научив дека црната блуза предизвикува прскање со капачето од јогуртот.
– Научив дека броењето до 10 кога си нервозен е губење време во пцуењето кое следи.
– Научив дека мажењето предизвикува заборавање на грешките од минатото.
– Научив дека не треба да барам маж што ќе ме сака туку маж што ќе ме трпи.
– Научив дека треба да бидеш премногу храбар за да останеш да живееш во Македонија.
– Научив дека мажите кога не можат да ти помогнат ќе ти сметаат, само за да учествуваат.
– Сфатив дека оние што Бог ќе ги спои, само Facebook може да ги раздвои.
– Сфатив дека откако ќе заврши кавгата ќе ми текне на уште 50 работи кои сум заборавила да ги кажам.
– Законот за цигарите се преведува како оправдано отсуство од работното место.
– За што служи Мажот е кажано само во една поговорка ,,Зошто го викаат магарето на свадба“.
– Научив дека клучот од кола секогаш се наоѓа таму каде што не го бараш.
– Научив дека твојот успех не е целосен ако тоа не го каже твојот комшија: Чича мича завршила прича.
Дијана Станчевска
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.