Skip to content

Ариел Шпиглер – Двајца кловнови

Ариел Шпиглер – родена во Сао Паоло во 1986 година. Студирала филозофија на Универзитетот „Сорбона“. Во 2011 година таа успешно го положила тестот на Француската јавна служба, и неколку години предавала филозофија. Дала отказ со цел да се посвети на пишувањето. Пее во барови и понекогаш работи за најразлични издавачки куќи.

Во 2016 година, започнала да ги издава нејзините песни во најразлични списанија каде наидува и на поддршка од критичарите.

За „Дешарж“, Клод Верси пишува: „Се чини дека таа одново ја открила тајната на нештата кои се цврсти и лесни, духовни и емоционални, кои Пјерот и Колумбина си ги шепотеле еден на друг, во галантните сцени на Пол Верлен… Овие тажни куплети, се чини, го добиле вниманието од многумина.“ (Клод Верси, „Дешарж“, „Зима, зачувани песни“).

Во јануари 2017 година, таа ја објавува нејзината прва збирка „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ („Едитионс де Корелвур“), која доби пофалби во медиумите, особено од „Ле монде“, „Ле матрикул де Ангес“, „Телерама“, „Либератион“ и „Лахуманите“.

Нејзината втора книга излегла од печат во 2019 година, како дел од белата колекција на „Галмард“. „Некои ѕвезди“ е ситна публикација напишана конкретно за Версополис. Таа ги проткајува заедно светот на песната, приказната на акробатите и молитвата“.

Двајца кловнови

играат наземи за неколку парички,

затапени од сонцето.

Шпанецот речиси би се вивнал

на врвот од чадорот,

а другиот, со куферот отворен,

повторува за тивкиот круг луѓе

околу себе дека веќе нема што да изгуби.

Усните спремни за свирење

не свират, ама свеж валцер

му излегува од устата небаре гирланда,

што ја закачува на малото уво

од девојка која мечтае покрај него.

Извор

Напишете коментар