Грчка митологија Занимливости и информации Литература Митови и легенди

Митот за Херакле, потеклото на името и задачите

Херакле (Херкул), старобалкански – полубог, син на Зевс и на смртната жена Алкамена. Најстарите римски извори укажуваат дека легендата за овој јунак во Стариот Рим била преземена од Грција и таа се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила.
Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. Така, името Херкулес не е директно позајмено од грчкото име Херакле, туку претставува модификација на етрурското име Херкелер. Инаку, зборот Херакле буквачно значи „во слава на Хера“.

Опис на изгледот

Херкул најчесто е прикажан со наметка од лавовска кожа и топуз, а на мозаиците е со темен, исончан тен. Иако бил победник и голем воин, според митовите, Херакле бил способен за измами и нечесни измами за да постигне победа. Бил познат по тоа што го направил светот побезбеден за човештвото, бидејќи уништил многу опасни чудовишта. Неговото жртвување за луѓето му обезбедило одобрување и заштита од боговите.

Според шестото пеење на епот „Енеида“, Херкул го ослободил Тезеј кој бил заробен во подземниот свет. Притоа, при влезот во подземниот свет, Херкул го совладал троглавото куче Кербер, врзувајќи го со синџир.

Кога Херкул се оженил со Дејанира, кентаурот Несо ѝ се понудил да ја пренесе на својот грб преку една река, но притоа се вљубил во неа и се обидел да избега со неа. Сепак, Херкул го забележал и го ранил со отровна стрела. Тогаш Несо ја излажал Дејанира, убедувајќи ја дека Херкул ќе ѝ остане засекогаш верен ако му ја облече кошулата натопена со неговата крв. Кога Херкул ја облекол кошулата, се отрул со затруената крв и умрел.

Задачите на Херакле

Дванаесетте задачи на Херакле или додекатлон се серија настани што се однесуваат на покајанието на Херакле, најголемиот од сите грчки херои, чие име подоцна било романизирано во Херкулес. Тие подоцна биле поврзани во континуирано раскажување. Воспоставувањето на определен циклус од дванаесет задачи било припишано на Грците во еден еп кој денес е изгубен, а е напишан од Пеисандер и потекнува од 600 г. п. н. е.

Полуден од Хера, Херакле ги убил своите шест синови. Откако оздравел, Херакле длабоко жалел за неговите дела; тој бил ослободен од кралот Теспиј, потоа патувал во Делфи за да дознае како да се покае за своите дела. Таму, пророштвото Питон го советувало да живее во Тиринс и да му служи 12 години на кралот Евристеј, извршувајќи ја која било задача со која ќе се соочи, а за возврат, ќе биде награден со бесмртност. Херакле разочаран од советот, згрозен од помислата да му служи на човек за кој знаел дека е многу послаб од него, а сепак исплашен да му се спротивстави на својот татко Зевс, на крајот се решил да се стави на располагање на Евристеј.

Начин на извршување на задачите

Евристеј му наредил на Херакле да изврши десет задачи. Херакле го направил тоа, но Евристеј одбил да признае две од нив: чистењето на Аугиевите штали, бидејќи Херакле сакал да прифати плата за работата; и убивањето на Лернејската хидра, бидејќи Јолај, внукот на Херакле и негов колар му помогнал. Евристеј додал уште две задачи (да ги донесе Хесперидиевите златни јаболка и да го зароби Кербер), кои Херакле успешно ги извршил, со што вкупниот број на задачи бил дванаесет.

Како што опстанале, задачите на Херакле не се раскажани на едно место, туку мора да бидат собрани од многу извори. Рак и Стејплс тврдат дека не постои еден начин да се толкуваат задачите, туку дека шест од нив биле сместени на Пелопонез, кулминирајќи со ново осветување на Олимпија. Шестте други го одвеле херојот подалеку.

Во секој случај, начинот бил ист: Херакле бил испратен да убие или да покори, или пак да му донесе некое магично животно или растение на Евристеј, пратеникот на Хера. „Одбраните места претходно биле тврдини на Хера или на „Божицата“ и биле Влезови во Подземјето“.

Познато претставување на задачите на Херакле на грчка скулптура е најдено на метопите на Храмот на Зевс во Олимпија, кои потекнуваат од 50-тите години на V-тиот век п.н.е.

Според Ликимниј, во своите задачи, Херакле понекогаш бил придружуван од машки сопатник (ероменос) каков што бил Јолај, неговиот внук. Иако тој требало да изврши само десет задачи, ова помагање довело до тоа да издржи уште две задачи. Евристеј не ја признавал хидрата бидејќи Јолај му помогнал, исто така и Аугиевите штали, бидејќи примил плата за својата работа, или бидејќи реките ја извршиле работата. Некои од задачите ги вклучувале децата (според различни извори) на Тифон и неговата жена Ехидна, кои сите биле поразени од Херакле.

Традиционалниот редослед на задачите, пронајден во Библиотека е:

– Убивањето на Немејскиот лав.

– Убивањето на деветглавата Лернејска хидра.

– Заробувањето на Керинејската срна.

– Заробувањето на Еримантскиот вепар.

– Чистењето на Аугиевите штали во еден ден.

– Убивањето на Стимфалиските птици.

– Заробувањето на Критскиот бик.

– Крадењето на Диомедовите кобили.

– Освојувањето на појасот на Хиполита, кралицата на Амазонките.

– Освојувањето на Герионовото стадо.

– Крадењето на Хесперидиевите јаболка (Со помош на Атлас ги земал јаболката откако го заклал Ладон.).

– Заробувањето и доведувањето на Кербер.

Херкул во уметноста и популарната култура
Херкул како тема во книжевноста

– „Херкул и топката“ – басна на старогрчкиот баснописец Езоп.

– „Полудениот Херкул“ (Hercules Furens) – трагедија од Сенека.

Херкул како тема во филмот

– „Херкул: Легендарните патувања“ (Hercules: The Legendary Journeys) – американска телевизиска серија од 1995-1999 година.

– „Херкул во Њујорк“ (Hercules in New York) – американски филм од 1970 година.

– „Херкул“ (Hercules) – американски филм од 1983 година.

– „Херкул“ (Hercules) – американски анимиран филм од 1997 година.

– „Херкул“ (Hercules) – американски филм од 2014 година.

– „Легендата за Херкул“ (The Legend of Hercules) – американски филм од 2014 година.

Херкул како тема во музиката

– „Херкуловите столбови (враќање дома)“ (The pillars of Hercules (Homeocming)) – песна на Никола Коџабашија и групата „Фолтин“ од 2011 година.

Прочитајте го и  Митот за богот на виното Дионис и Дионисиските мистерии.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје