Многу пати погрешна е сликата на жената. Ама така се изнаслуша. А со какво право на овој свет на немилости, корени ладни, сфери невидливи, души зајадливи ги гореа мислите на нејзиното битие? А не е важно само да се родиш, да постанеш човек е чин, да воспоставиш комуникации на животот, некоја релаксирана нијанса на животот.
Да знаеш да измиеш образ, да исплакниш душа, да рашириш насмев, да бидеш човек. Човек колку голем збор. Да, да бидеш човек. Да ги исплеткаш лажните нечистотии на животот и да ги одвиткаш, да ги фрлиш во мракот, како нечисти. Колку пати ја чувствуваш лагата, пред очи некој ти ја лее, а знаеш тоа не си ти? Па сакаш онака својски да ја исцапаш, и гласно да го рашириш својот збор. Не, не тоа не сум јас, не сум јас. Некако недорасното се вијат некои невистини или вистини, релативни поими. А Весна страдаше од гласините, од чувството наметнато, од извалканите мисли.
Со какво право некој ја изобличува мојата личност? “Не,не не сум тоа јас”. Си мислеше да зборнам со себе или да рикнам силно, громогласно. Да ги затворам очите пред циничните погледи. Велеше често”Мамо тоа не сум јас, јас сум друга, во мене живее друг свет”. И почна да станува потрпелива, смирена. Инаку пред себе ја гледаше пропаста, провалијата.
Собра сила да се избори барем некој почеток, да смени како пред некој семафор да избрише дел од превртените работи. А јас сум сигурна во тоа. Таа беше борец на животот. Таа ќе успее да ги совлада грпките на животот!
Менче Кадинец