Занимливости и информации Конкурси Културни настани

Поетски конкурс за деца и млади на тема „Пролетните сребрени соништа сонуваат во есен“

Здружението на граѓани „Невена за тебе, за мене, за нас“, во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и со „Просветно дело“, третпат ја реализира поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа“.
За таа цел се распишува поетски конкурс за деца и млади на тема „Пролетните сребрени соништа сонуваат во есен“.

Право на учество имаат:

– ученици од четврто до деветто одделение во основното образование и
– ученици од прва и четврта година во средното образование.

Поетските творби треба да бидат испратени најдоцна до 20.11. 2020 година на следниот имејл: [email protected], со назнака: За поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа 2020“.

Драги ученици, можете да пишувате за љубовта, вербата, надежта и мотивацијата што во себе ја носи вашата младост, визијата што тлее во секого од вас кога сонувате со отворени очи за свет во кој природата буди чувства чисти како солза, а душата ви е богата како најголемото азно на нашата цивилизација. Вие го можете тоа! Вашите ментори се тука за вас.

Комисијата, по прегледувањето на пристигнатите поетски творби, резултатите ќе ги објави најдоцна до 30 ноември, на својата официјална ФБ-страница: Поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа “.

Покрај поетската творба, задолжително треба да се наведе и достави:

– име и презиме на ученикот/ученичката
– име и презиме на менторот
– училиште и место и
– електронска адреса и телефонски број за контакт

Организациски одбор на манифестацијата претседателка Гордана Здравкоска.

Извор

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје