Очи и бројки – Менче Кадинец

Не ги допишав сите мисли. Останаа во тетратка со некој грд ракопис. Кој ли ќе ги одгонетне тие мисли недопишани? Ме зашеметија времето, луѓето, разговорите, преговорите. Над небото се надвила магла некоја темна, сива загушлива, облаци тешки се сокриле како да натежнале.

Одам по улици отворени и слепи без излез. Прашувам од каде да излезам.
Го гледам мостот под него река. Ѝ завидувам на водата, ете така чиста ми се виде се таласи, се движи, бистра ми се виде. Никој за никого нема време, како бројки се вртиме во круг, го изгубивме патот. Кај ли беше, барем некоја искра да светнеше.

Ме боли детскиот плач, а го сакам детскиот врисок. Купот на жолти листови како постела налегнал. Почнав на листовите да им завидувам. Чекорам ама чекорот ме оживува, се непознати лица очи само очи. Да очи и бројки. Старци со изветвени алишта подаваат рака барајќи милостина, ставајќи обична кеса над устата. Старица со бастумче чекори полека, шантрајќи се лево, десно, барајќи корка лебче.

Го вдишувам воздухот мириса на чад, ме гуши. Ќе го надмине некој ова време а некого времето ќе го згази, прегази. Жално, тажно, трогателно.
Само ОЧИ и БРОЈКИ.

Менче Кадинец

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!