Пријателството и дружењето нè прави среќни, расположени, исполнети. Пријателството се стекнува еднаш, а трае засекогаш. Вистинско пријателство е она кое трае засекогаш со искрени чувства. Кога и во добро и во лошо ќе си подадете рака пријател со пријател, кога ќе Ви згреши пријателот ќе знаете да простите. Вистинскиот пријател не Ви врти грб ниту во најтешките моменти од животот и секогаш и во сè Ви е поддршка. Поддршка во тоа што ќе Ве ислуша, ќе Ви даде совет, едноставно ќе биде покрај Вас со сето срце и душа. Не е пријателство кога ќе Ви заврти грб тој во кој најмногу сте се надевале и тоа во најтешките моменти во животот. За жал во денешно време има многу малку луѓе кои може да бидат вистински пријатели. Пријателството за мене претставува вистинско богатство и вреди да се има вистински пријатели.
Силвана Крстевска