Вашиот глас Литература Проза

Се откажуваат оние кои не веруваат во себе! – Ирена Блажеска

Знаеш….јас нема да се откажам од тебе. Никогаш нема да го направам тоа. Никогаш нема ни да посакам, па ни да пробам да се одречам од сите чувства кои ми даваат да живеам, не можам. Знам, убедена сум дека во нашите животи ќе поминат многу личности. Многу лица ќе сакаат да нè разделат, тие ќе предизвикуваат немир. Ќе бидат  само пречка, ќе прават сè да останат меѓу нас. Ќе пробаат да ни ја украдат и среќата, но јас, јас решив. Ќе се борам со сите нив, ќе се борам до последниот здив. До последната капка пот. Последната секунда дадена за спас, за нас.

Јас гледајќи те, гледајќи те со очи кои зрачат од љубов, сфаќам дека не заслужувам да бидам без тебе. Не заслужувам секоја ноќ само да те сонувам, да те допирам така  провидно со мисли, не заслужувам. Не можам па ни да се убедам себеси дека можеби така би било најдобро. Дека можеби би била среќна и би си го пронашла својот пат, својот свет.

Но заблуда, живеам само во заблуда. Во филм кој сакам да го режирам без желба да го направам тоа. Затоа што во него тебе ќе те нема, ќе те изгубам, ќе останам со себе без дни, без спомени, празна. И можеби погрешно е сè, можеби и невозможно е сè, можеби светот ќе биде против сè, но не сакам да остане на она можеше а не беше, требаше а не беше.

Не сакам утре кога нема да бидеш до мене да се измачувам со тие мисли, да ме прогонува невозможното кое чекор само го делеше до возможното. Знаеш…не сум научила да губам, не сум научила да бидам бедна пред поразот. Не, јас нема да се откажам, не можам да се откажам, не треба и не сакам да помислам на крај, ако крајот воопшто постои во нашата приказна.

Ирена Блажеска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје