Занимливости и информации Поучни приказни

Приказна за логиката на едно човечко срце

Во животот на старите испосници и денес може да се најдат многу поттикнувачки пораки. Нивните примери и поуки ја сочувале свежината. Во ридеста и скржава пустина живееле двајца испосници. Се пронашле по пештерите, преку влезовите од каде што лесно можеле да се набљудуваат.

После неколку години во молитви и остра покора едниот од нив се уверил дека постигнал совршенство. Другиот бил поотворен, кроток и понизен. Излегувал и разговарал со минувачите, ги тешел и ги угостувал оние што залутувале.

„Само си го губи времето и краде од молитвите и размислувањето“, помислил првиот, кој не се согласувал со овие ситни, но чести прекршоци на другиот испосник. За да му покаже на видлив начин колку е уште далеку од совршенство, одлучил на својот влез да става по еден камен секогаш кога според негова процена другиот ќе прекрши правило.

После неколку месеци влезот во неговата пештера бил затнат од сиот камен, а внатре се задушувал доброволниот затвореник. Не ни помислувал дека така го подигнал ѕидот над своето срце и ја забранил можноста внатре да продре светлото на милосрдието.

Ова е кратката приказна за логиката на едно човечко срце.

Прочитајте ја и приказната која зборува за пребрзото носење суд!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје