Занимливости и информации Поучни приказни

Кратка поучна приказна: Не судете пребрзо, секој има своја приказна

Татко и син се возеле во воз. Младичот од дваесет и четири години гледајќи низ прозорот од возот одеднаш викнал:

– Тато, гледај, дрвјата се враќаат наназад!

Таткото најрадосно се насмевнал гледајќи со љубов во својот син. Но за тоа време еден млад брачен пар кој седел спроти нив, го погледнале момчето со тага и сожалување. Одненадеж младичот повторно викнал:

– Татоо, погледај, облаците летаат со нас!

Брачниот пар повеќе не можел да издржи па по одговорот му рекле на таткото на младичот:

– Господине, а зошто не го испратите вашиот син кај некој добар доктор? Некој сигурно ќе може да му помогне.

Таткото се насмевнал и им возвратил:

– Го однесов. И ние токму сега се враќаме од болница. Мојот син, овој дечко што сега го гледате беше слеп од самото раѓање. Но со операција му е вратен видот. Тој дури од ова утро по првпат во животот може да гледа.

Секој човек на оваа планета има своја единствена приказна. Затоа не им судете на другите пред навистина да ги запознаете. Бидејќи вистината би можела да ве изненади.

Прочитајте ја и оваа срцепарателна приказна за најверното куче на светот – Хачико!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје