Skip to content

Мирувај, мирувај, срце мое – Рабиндранат Тагоре

Мирувај, мирувај, срце мое, нека биде сладок мигот на разделбата.
Нека не биде смрт, туку совршенство.
Љубовта нека се стопи во споменот, а болката во песната.
Летот низ небото нека заврши со склопување на крилјата над гнездото.
Нека биде нежен како ноќен цвет последниот допир на твоите раце.
О мирувај, мирувај, прекрасен крају, само за миг, и кажи го својот
последен збор во молчењето.
Се поклонувам пред тебе и ја кревам високо ламбата своја за да ти
го осветлам патот.

Напишете коментар