Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Молчи! – Виктор Кадинец

Зборни!

Истури, сè од душата,

преполови, сè од немирот,

скрши сè, на половина.

Дај ми две од четири,

дај ми пола од бескрај.

Зборни!

Кивни ми на рамо,

дур те држам, гушкалке една.

Е тука, ослободи го аморот,

втиснат во таа длабочина.

Е тука, го ископувам.

Фрлам лопати од земја,

за да стигнам до тоа богатство.

И раце ме болат и нозе,

ама копам.

Копам како некое улаво дете,

за да го разбудам тој споулавен монсун во тебе.

Ги нижам деновиве како затвореник во Алкатраз.

Црта, по црта.

Пречкртувам на ѕидот, ден по ден.

Зборни!

Дур копам да те откопам.

Зборни!

Прошепоти барем.

Дај ми пола од бескрај.

Дај ми рај.

Зборни!

Пирејот се корни,

но остава семе и повторнo вика:

“Зборни! “.

Молчи…и кога зборуваш,

така најмногу кажуваш,

сè што промолчуваш.

Молчи и насмеј се.

Само ти знаеш така да молчиш,

а сè да кажиш.

Виктор Кадинец

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје