Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Ама не е то финтата – Виктор Кадинец

И да ги пропешачев сите планини,
ако не најдев дива јаготка,
џабе одот ќе ми беше.
Таа во чистина расти,
во ладовина млака.
И да ги искинев сите чевли,
не ќе бев луд по ист пат да одам,
оти од одот ми се кинат,не од патот.
Јас така големи чекори фаќам.
Чим стапнам итам побрзо,
да стасам до таа дива јаготка.
Не за друго.
Треба да ја ставам на тортата која
ти ја купив од пред слаткарницата
пред која поминуваш секое утро.
Знаеш она на чиј влез пишува –
задолжително носете маска.
И да ги пропешачев сите планини,
џабе одот ќе ми беше,
ако со усниве, на усните,
дива јаготка не ти дарив.
А можев да купам од пазар,
ама ќе ја сетеше по вкусот.
Ама не е то финтата.

Виктор Кадинец

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје