Мила моја,
Среќна сум! Конечно успеав да се изборам со моите чувства, успеав да го најдам патот!
Сега повторно чекорам по својот пат, кон својата цел. Сега веќе не сум сама, сега веќе не сум збунета, осамена. Среќна сум што те имам тебе, те пронајдов, прифатив, те сакам и чувам. Знам дека ти си единствената личност која ќе остане покрај мене засекогаш. Веќе престанав да барам наоколу. Сè што ми е потребно го има тука, сè што ми е потребно го имам сега.
Мила моја, прекрасно е што повторно си тука. Прекрасно е да знаеш дека се имаш себеси.
Марина Марковска