Занимливости и информации Поучни приказни

Приказна за една Желба

Постела една Желба. Лутала по светот обидувајќи се да исполни сечии очекувања. Се претворала во преубави девојки и момци со совршен изглед. Се претворила во пари, дожд, долгоочекувано бебе, лек, награда, милостина.
Не се жалела дека луѓето брзо заборавале на благодарноста, ниту ни нивната лакомост или подмолност. Не се трансформирала само во добри желби, туку и во оние зли, болни и изопачени. Била создадена да исполни сè, што и да било.

Меѓутоа, набрзо сфатила дека не може да постигне сè. Имало премногу луѓе, соништа, неизговорени копнежи, сокриен шепотења, тајни мисли. Работела дупло повеќе, а не успевала. Многу луѓе останале со желбите на кои им го посветиле целиот свој живот, а кои никогаш не ги исполниле. Многу од нив кои не успеале да го добијат она што го сакаат биле принудени да го сакаат она што го добиле.
Не се жалеле сите. Некои само слегнувале со рамените и говореле дека животот е таков, создаден за мачење и болка. Други длабоко ги закопале своите претходни желби и се посветиле на нешто друго. Но имало и такви кои секоја ноќ плачеле на перница, а разумот им се менувал бидејќи остварувањето на нивните желби не било ни на повидок.

Тогаш Желбата почнала да се менува.

Почнала да се жали, да го поминува времето исполнувајќи ги сопствените каприци, а прекинала да ги задоволува туѓите потреби. Дали тоа било одговор на реакцијата на луѓето на кои наишла кога не го исполнила она што тие го сакале? Или тоа било одговор на очајувањето кое ја гушело и ја терало да постане злобна? Ни самата не знаела. Само чувствувала дека се менува. Но, не на подобро.

Среќата зависела од Желбата, а таа како сакала да ја игра таа игра на моќ. Како да сакала да го гледа противникот поразен, го трупала со лажни ветувања. Како да сакала да ја игра таа игра каде што секогаш таа би била победник. Луѓето почнале да се плашат од нејзе, да се плашат да сакаат нешто. Се плашеле дека ако добијат нешто од нејзе таа за возврат ќе им земе нешто, а не можеле да одредат што им е поважно.

Само Желбата тоа го сакала. Луѓето повеќе не сакале да ги остваруваат своите соништа, се обидувале да ги сокријат и да живеат без вистинско уживање, со трепет дека Желбата ќе им биде потребна и дека потоа ќе ги уништи. Нејзе не ѝ било јасно зошто се сокриваат себе, зошто толку се плашат од своите особини. Тие мислеле дека проблемот е во Желбата, а таа мислела дека проблемот е во нив. Била опасна, за некого и отровна. Набрзо настанала онаа изрека: „Внимавај што посакуваш, можеби тоа ќе ти се оствари“.

Прочитајте ја и поучната приказната за логиката на едно човечко срце!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје