Skip to content

Јас уште чекам да се вратиш – Лина Димоска

Јас уште чекам да се вратиш
или барем низ ветерот
гласот да ти го слушнам,
во ѕвездите да ти ги пронајдам очите
за бар уште еднаш да ги видам.

Јас уште чекам да се вратиш
или барем на мекиот памук
топлината на допирот твој
да ја почувствувам,
а низ шумот на реката
да протече смиреноста во гласот твој.

Јас уште чекам да се вратиш,
барем врата да отвориш,
барем уште еднаш да ми се насмевнеш,
барем уште еднаш очиве мој да ми те видат.
А ти,
ти не мора ништо да кажеш.

Јас,
јас уште чекам да се вратиш.
Иако знам дека нема.
Само чекам…
Долго чекам…

Напишете коментар