Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за седумтте светски чуда и одговорот на едно девојче

Во едно основно училиште во трето одделение на учениците им била зададена задача да напишат кои се седумтте светски чуда. После некое време најчести одговори биле: Египетските пирамиди, Тај Махал, Панамскиот канал, Големиот Кањон, Емпаер стејт билдинг, Базиликата Св. Петар и Кинескиот ѕид.

Учителката забележала дека едно девојче уште размислува. Го прашала: „Имаш ли проблем со својата листа со седум светски чуда?“ Девојчето одговорило: „Да. Не можам да се одлучам бидејќи ги им толку многу. Учителата ѝ рекла: „Прочитај го она што си го напишала. Можеби ние ќе ти помогнеме“.

Девојчето колебајќи се прочитало: „За мене овие се седум светски чуда…Гледање, слушање, допирање, мирисање, чувствување, смеење и сакање.“

Во училницата настанала тишина. Сѐ она што се подразбира како секојдневно и едноставно во суштина е чудесно. Највредните нешта во животот не можат ниту да се направат ниту да се купат. Тие нас ни се подарени.

Ако ви се допадна оваа кратка приказна споделете ја со вашите пријатели, а можете и да ни напишете коментар дали се согласувате со девојчето.

Прочитајте ја и приказната за една желба!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје