Литература Мисли и цитати Странски автори

Неколку интересни цитати од големиот Волтер

Франсоа Мари Ару-Волтер (1694-1778) бил француски филозоф, писател и историчар. Тој е еден од најважните претставници на просветителството. Филозофската позиција за која се залагал е борбата против религиозниот фанатизам. Неговите најпознати дела се: „Кандид“, „Филозофски писма“, „Филозофски речник“. Покрај романи, тој пишувал  претстави и историски дела. Роден е на денешен ден во 1694 година.

Во негова чест, прочитајте некои од неговите најинтересни цитати:

„Правдата е најголемото добро на целото човештво. Најубавото дело на човештвото е делењето на правдата.“

Ако Бог не би постоел, би требало да се измисли.

Стравот доаѓа после сторено кривично дело и тоа е добиената казна.

Бог ги создал жените само за да ги скроти мажите.

Оној кој се плаши од сиромаштија, не е достоен да биде богат.

Еден момент на среќа вреди колку илјада години слава.

Кој ќе се одмазди после некоја победа, не е достоен за таа победа.

Не е доволно да се биде скромен, треба да имате причина за тоа.

Луѓето никогаш немаат грижа на совест за она што имаат намера да го направат!

Тој сигурно не знае ништо, кога одговара на секое прашање што ќе му биде поставено.

Секој човек е виновен за секоја добрина што не ја направил.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје